Кој беше фраерот од Скопско по кого Турците пукаа 14 пати, а на крај го решија пред капија?

Сепак, ако мислевте дека филмските заседи, маалските ликвидации и уличната правда се измислени во Чикаго во триесеттите, се лажете.

Скопје си имало свој револуционерен Џејмс Бонд уште во 1900-тите.

Неговото име е Васил Стојанов Стајков – во чаршијата и меѓу комитите попознат како Васил Аџиларски.

Човекот не бил од оние војводи што се сликале во студио со пушка во рака за на Фејсбук (добро, за во весник), туку стварно одел по терен. Роден во село Аџалари (денешно Миладиновци, тоа кај рафинеријата), уште како млад сфатил дека работата со Турците нема да оди со „молам-благодарам“.

Наместо да брка кариера во администрација, на 21 година веќе го „апселе за оружје“ и заглавил две години во Куршумли-ан. Тоа му дошло како факултет за револуција. Чим излегол во 1903, веднаш ја фатил шумата.Како се преживува невозможна заседа?

Со бомби, нормално.Од 1904 до 1908 година, Аџаларски и неговата екипа имале дури 14 големи престрелки со османлискиот аскер низ Скопско и Кумановско.

Ама најјаката приказна е од зимата 1904 година во тогашното село Ибраимово (денес населба Маџари).Турската војска ги опколила од сите страни, ситуацијата била „пиши пропаст“. Што прави Аџаларски?

Вади бомбите, прави тотален хаос во обрачот, им ги отвора линковите на комитите и сите до еден се извлекуваат живи и здрави. Класичен холивудски акционен филм, ама во живо на неколку километри од центарот на Скопје.

Ликвидација пред куќен праг и јавно бесење на Камени мост.

Откако поминала Младотурската револуција во 1908 година, Васил решил дека е време за цивилен живот. Се шетал низ Скопје како слободен човек, бил супер популарен меѓу рајата, ама власта очигледно не заборавала кој им фрлал бомби во Маџари.

На 14 ноември 1909 година, додека се враќал дома во Карадак Маало (Крњево2,Скопје,Центар), го дочекала заседа.

Го пукале подло, пред сопствената капија, каде што и починал.

Ама Скопјани тогаш не биле од оние што „си ја гледаат својата работа“. Погребот во црквата Свети Димитрија се претворил во огромен протест против власта.

Историски контекст

Народот излегол на улица во голем број, па Турците сфатиле дека нешто големо се случува. Потоа, за да ја смирeт толпата, морале брзо да реагираат. Убиецот, некој платеник по име Ќор Расим, бил експресно фатен и приведен.

Наместо судење со адвокати и жалби, казната била испорачана веднаш: го обесиле покрај Камениот мост во Скопје, за сите да видат како завршуваат оние што ги чекаат скопските војводи пред капија. Ете, такви фаци шетале низ Скопје пред 120 години.

Чисто да имате на ум следниот пат кога ќе пиете кафе во Центар или ќе возите накај Ист Гејт ( Источниот Излез)!

Leave a Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Need Help?Chat with us