Само стара политика во нова амбалажа за “Gen Z”

Мотивот е јасен: стравот од моќта на Gen Z гласачите и желбата да се преслика српското изборно чудо и во македонски контекст.


Gen Z знаат дека телевизиските студија во Македонија одамна престанаа да бидат само места за суштинска дебата. Затоа, тие денес се претворени во фабрики за кратки видео-клипови наменети за социјалните мрежи.

Кога среде ТВ интервју во живо лежерно ќе се употреби терминот „Зумери“, политичкиот ПР во земјава преминува нов праг. Ова се прави за да се дефинира Генерацијата Z. Сепак, тоа не е случаен лапсус. Напротив, тоа е прецизно таргетирана операција. Целта е да се фати чекор со еден нов и непредвидлив гласачки депозеит. Оваа група досега беше целосно игнорирана.

Препишување на српското изборно чудо

Зад оваа реторика стои најомилената дисциплина на домашните политички штабови. Тоа е „препишување“ од соседите. Очите на стратезите веќе подолго време се свртени кон Белград.

Таму, на изборите во Србија, се случи она од што секој етаблиран политичар на Балканот се плаши. Се случи масовен младински одзив. Генерацијата Z се организираше преку студентските листи и граѓанските движења. Тие успеаја да ја кренат излезноста до историски високи проценти.

Моќта на гласачките кутии

Поради тоа, ова изборно чудо испрати јасна порака. „Зумерите“ можат да решат да излезат од своите екрани. Кога тие ќе застанат пред гласачките кутии, стариот политички поредок паѓа како кула од карти.

Политичките актери во Македонија го намирисаа овој страв. Но, тие го видоа и огромниот потенцијал. Партиските советници брзо пресметаа една работа. Клучот за изборен успех лежи токму во будењето на македонската апатична младина. Сепак, тука настанува класичната стратешка грешка.

Маркетинг козметика на партиите

Традиционалните елити веруваат во маркетинг козметика. Тие мислат дека доближувањето до младите е едноставна работа. Според нив, доволно е само да ја научат нивната терминологија. Исто така, мислат дека треба да снимат неколку видеа за TikTok.

Тие веруваат дека ако во интервјуата звучат „кул“, работите наеднаш ќе се сменат. Мислат дека младите брзо ќе заборават на децениското разочарување. Но, помладите генерации сè уште паметат. Тие се соочуваат со партизираното образование, непотизмот и корупцијата. Токму овие проблеми секојдневно ги бркаат од државата.

Внатрешно автократство и непотизам

Но, најголемиот парадокс се крие на друго место. Тој е внесен длабоко внатре, во сопствените партиски редови. Пред камерите постојано се глуми модерност, инклузивност и отвореност кон новите генерации. Зад затворените врати во штабовите владеат сосема други правила.

Таму сè уште доминираат длабоко вкоренето автократство и непотизам. Овие појави се шират по добро позната апашка лоза. Професионалноста и капацитетот одамна се заменети со нешто друго. Се бара само слепа партиска послушност.

На пример, напредувањето во кариерата во овие структури има јасен услов. Тоа зависи исклучиво од семејните и клановските врски. Како може да се понуди иднина на слободоумната Генерација Z? Тоа е невозможно кога внатрешната партиска матрица останува заробена. Таму сè уште владее филозофијата на послушност и семејно-партиско менаџирање со позициите.

Радарот за лажност на Gen Z

Кога еден класичен политичар ќе почне да го користи јазикот на новата генерација, тоа ретко звучи автентично. Ова особено важи за луѓе кои со години се дел од истиот корумпиран систем. Тој систем со децении продуцира само стагнација. Тој ги наградува „нашите луѓе“ наместо способните. Затоа, ваквиот ПР изгледа како купување на доверба со туѓи зборови. Тоа е само обид старата и истрошена политика да се спакува во модерна амбалажа.

Генерацијата Z има непогрешлив радар за лажност. Нив не можете да ги излажете со евтини ПР трикови. Вештачки наметнатиот сленг на телевизија кај нив не поминува. На македонските „Зумери“ не им треба лидер кој само ги знае нивните зборови од социјалните мрежи.

Gen Z

Што навистина бараат младите?

Напротив, им требаат функционални институции. Им треба правда и реална иднина во сопствената земја. Сè додека се копира само сленгот, ништо нема да се смени. Изборното чудо во Македонија ќе остане само неостварен пуст сон. Тоа ќе биде само желба на партиските советници додека во сопствениот двор негуваат автократство.

До појавување на студентско движење Gen Z или партија од доле од студенти останува да гледаме само патетичен политички театар. Овој театар дополнително ќе ја продлабочува бездната. Таа бездна постои меѓу младите и оние кои упорно се обидуваат да ги претставуваат без воопшто да ги разберат.

Leave a Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бараш или нудиш? Пиши ни!
Jован Донев
Обично одговара истиот ден.
Здраво! Повели!