Културен амбасадор во САД

Средношколскиот оркестар на „Орце Николов“ со концерт во Њујорк!

Младоста, талентот и македонскиот музички непокор патуваат преку Атлантикот.

По освојувањето на престижното прво место на интернационалниот музички натпревар, оркестарот на СУГС Гимназија „Орце Николов“ од Скопје се подготвува за својот најголем предизвик досега – настап пред њујоршката публика.

Под диригентската палка на нивниот професор по музичка уметност Миле Наумовски, овие млади музичари од 4-ти до 9-ти септември ќе ја претстават македонската културна енергија во срцето на САД.

Ова не е само обичен концерт, туку прослава на успехот на една нова, надежна генерација. Организаторите и професорот упатуваат отворен повик до целата македонска заедница во Њујорк и околните држави да дојдат, да ги поддржат овие млади амбасадори и заедно да ја споделат гордоста. нивното присуство ќе биде најголемата награда за макотрпната работа на учениците.

Повеќе информации за точните локации и термини на настапите ќе бидат објавени на официјалните канали на гимназијата.

Leave a Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Need Help?Chat with us