Фев 24, 2026
Бранко Азески го нема на Википедија
Од што живее Бранко Азески
БРАНКО АЗЕСКИ – претседател
Бранко Азески е роден на 31 јануари 1962 година во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, каде што бил и асистент по Уставно право на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита.
Од 2005 година е претседател на Стопанската комора на Соединета Македонија, функција што ја извршува и денес. Од 2018 година е заменик-претседател на Инвестицискиот форум на коморите од Западен Балкан (WB6 CIF) со седиште во Трст, Италија.
Исто така, бил генерален директор на хотел „Александар Палас“ (1998–2003), извршен директор на GS1 Македонија (од 2012), почесен конзул на Црна Гора (2016–2021), како и член на бројни национални и меѓународни тела и совети.
Во текот на својата кариера добил повеќе признанија, меѓу кои и наградата Најдобар менаџер на комора во регионот (2013) од Европската менаџерска асоцијација. Во 2022 година, од претседателот на државата му беше доделена Повелба на Република Соединета Македонија за исклучителен во модернизацијата на економијата и професионалното водење на Комората.
