Јан 23, 2025
Пет кучиња биле користени за борба во атар на селото Врапчиште околина на Гостивар

На ден 22.11.2025 година врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во с.Врапчиште, гостиварско, а се сопственост на Ш.А.(20) од с.Врапчиште, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“ по член 233 од Кривичниот законик.

При претресот биле пронајдени четири кучиња – три од раса „питбул“ и едно куче од раса „доберман“, кои биле користени за борба на кучиња.

Со С.А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

More Details

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *