Мај 22, 2025
Македонска песна, прекината предвреме

Именикот на гласовите што замолчеа предвреме


Во земја каде што болката често пее погласно од радоста, најтажната мелодија е онаа што се прекинува на сред тон. Македонија, земја со душа во три акорди и носталгија во секое рефренче, ги загуби своите гласови — прерано, ненадејно, и како по некоја општа, но никогаш потпишана клетва.

Сашка Петковска, ѕвездичка на македонскиот естраден простор, се изгаси млада. Гласот ѝ беше микс од нежност и бунт, како да пее за сите жени што не успеале да викнат.

Петранка Костадинова, мајка на македонската народна песна, загина во центарот на Скопје , нејзиното срце отчукуваше во такт со тапанот на Илинден. Легенда, ама човечка. Ги имаше испеано речиси сите македонски народни бисер- песни.

Ацо Конга, душата на секоја скопска забава и ќефче, ѕвезда што гореше силно и кратко. Ако не го познаваше лично, сигурно си се мавал у чело на “Обоена светлина или АБЦ”.

Канго, човекот со најхаризматичен спој од рок и реалност, од улица и уметност. Замина прерано, оставајќи стихови кои сè уште ѕвечат на бетонските ѕидови на населбите.

Гоце Николовски, со „Бисер балкански“, ја расплака цела дијаспора и ја вгради во темелите на секој оркестар за свирка. Со него, патриотизмот не беше кич, туку музика.

Гоце Арнаудов, бардот на меланхолијата, на Балканот што си ја бара душата во чаша црвено и песна за недостигање. “Мора еднаш да не биде!” но и многу други вечно ќе се пејат.

Тоше Проески — името што не се кажува без да ти се наежи кожата. Принцот што пееше како крал и сакаше како дете. Замина кога имавме најмногу планови за него, ама тој имаше друг договор, таму горе.

Влатко Илиевски, вечниот насмеан лик што можеше и балада и стендап. Од Мелбурн до Маврово, секој го знаеше како “нашето дете од Евровизија”. Ама на крај, остана рефрен без последен стих.

Андреј Ѓорѓиевски, млад, талентиран, со талент и визија што ветуваше многу. Судбината, како лош музички продуцент, го пресече токму кога требаше да влезе во главниот студио-албум на животот.


И не се само тие.
Сите тие што некогаш пееја за љубов, болка, мака, среќа – сега тивко молчат.

Некој ќе каже: „Живот е тоа“.
Да, ама кога умира гласот – останува само ехото.

А во Македонија, тоа ехо никогаш не е само звук. Тоа е спомен, рефрен, и тивко „ајде уште еднаш“, што никогаш нема да се случи.


Да им е лесна земјата, а песната – вечна.
За нас, тие уште се на бис.

More Details

One thought on “Македонска песна, прекината предвреме

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *