Јан 23, 2025
Лисица забележана во Аеродром, во близина на Поликлиниката Јане Сандански

Граѓаните на Аеродром денеска возбудено коментираа за несекојдневната глетка која ја доживеале денеска во центарот на населбата Јане Сандански, блиску до Поликлиниката.

Некои се прашуваа меѓусебно каде да го пријават присуството на дивото животно, кое не изгледаше дека е избегано од Зоолошката градина.

Младата лисицата како да не се плашеше премногу од присуството на многубројните зачудени жители.

-Но ова е нејзин дом, коментираа некои постари жители кои живеат во блискиот пензионерски дом. Тука порано беа бавчи,ниви и поле. Потоа изградија Аеродром, па касарна , а сега го натрупаа со згради.

  • Можеби се симнала од Водно во потрага по храна, коментираа други. Некои деца кои до сега не виделе лисица во живо коментираа дека виделе “чудна мачка” која личи како мало куче.
  • Лисицата која го привлече вниманието на Скопјани само се напи вода во вирчето каде што претходно беше откорнат стариот чинар и се сокри во блиското зеленило.

More Details

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *