Фев 24, 2026
Заложничка криза на Аеродром во Казкстан
Ја разреши бивш боксер

„Земете ме мене наместо неа“: Поранешен боксер го ризикуваше животот за да спаси службеничка за обезбедување на аеродромот од напаѓач со нож.
Застрашувачки инцидент со заложници се случи на меѓународниот аеродром Алмати во Казахстан, кога маж држел млада службеничка за обезбедување како заложник под закана со нож и се заканил дека ќе детонира бомба.

Настанот се одвивал на контролниот пункт на аеродромот откако од мажот, наводно на 67 години, било побарано да ја покаже својата лична карта. Наместо да ја послуша наредбата, тој извадил нож и ја зграпчил 21-годишната службеничка Ботагоз Мухтарова за косата.

По ова, аеродромот бил во хаос, а таа можела да се чуе како вреска од ужас.
