Апр 1, 2025
Дали е ѓомлезе исто што и ѓозлеме
Македонските угостители и гурмани често го грешат правото име на јадењето кое има име со потекло од Туркије
Ѓозлеме (турски: gözleme) — јадење од турската кујна. Традиционално се прави од тесто, а рачно сучените кори се полнат со фил, кој најчесто е сирење или урда.
Корите се виткаат во квадрат и се печат на голем плех додека не се појават мали црно-кафени дамки на нив. Точките изгледаат како мали очи (на турски: göz), па оттука и неговото име.

По печењето од двете страни корите се полеваат со раствор од путер или масло, павлака и засоленета топла вода, некаде се користи млеко наместо вода. Корите ја впиваат течноста и омекнуваат, па се вадат од плехот.
Во модерната кујна, филот е разновиден, со користење на различни производи како зеленчук, месо и различни видови џем.
https://vm.tiktok.com/ZMBmyy5tM
More Details