Посен ориз со леблебија, зеленчук и кари зачин

Share with:


Посен ориз со леблебија, зеленчук и кари зачин

Посен ориз со кари и леблебија е едно од оние јадења што може да се подготви за само половина час, а е одличен извор на хранливи материи и многу е вкусно.

Ако користите сува леблебија или наут, тогаш треба претходно да ја сварите. За сите оние ситуации кога немате време да готвите леблебија, леблебија (наут) во конзерва ќе биде добра замена. Ова посно кари може да се направи и со леќа наместо леблебија.

Исто така, секогаш можете да додадете некој друг зеленчук како сладок компир или карфиол.

Ви препорачувам да послужите бел ориз - басмати со кари зачин но и кој било друг ориз може да биде добар.

Последниот совет - не ја прескокнувајте лиметата (сок од зелен лимон), бидејќи таа прилично ќе го збогати вкусот на јадењето.

Доколку ви се допаѓа рецептот разгледајте ја и нашата збирка на интересни рецепти на You Tube и пишете ги вашите впечатоци во коментари . ?

Сакате повеќе рецепти организирани по категорија и дополнителни практични совети? Интересни рецепти и практични совети има на хрватси јазик во ДИГИТАЛЕН ГОТВАЧ „Водич за исхрана базирана на растенија“.

РЕЦЕПТ


Состојки
(1-2 порции)

1 конзерва леблебија
1/2 кромид
1 морков
1/2 конзерва сецкани домати
2 чешниња лук
1/2 лименка кокосово млеко
1 лажичка сол
1/2 лажичка пиперка
1-2 лажички микс за зачини кари
1 лимета
1 лажица маслиново масло


Постапка

Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, па ставете ги во тенџере со малку маслиново масло (може и зејтин).
Морковот исечкајте го на ситни парчиња, па додадете го во тенџерето.
На тивок оган кратко продинстајте го зеленчукот, а потоа додадете ги сите останати состојки (освен лиметата).
Гответе сè заедно околу 15 минути и повремено мешајте.
На крај тргнете го тенџерето од шпоретот и додадете го сокот од половина лимета.
Послужете го варениот ориз со кари зачин.


Време

Подготовка - околу 15 минути
Готвење - околу 15 минути

Share with:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Share with:


Scroll to Top