ДОМАШЕН КРЕМ НАМАЗ ИЛИ ПЕСТО СОС ОД РУКОЛА:
Готов е за 5 минути а поевтин е од купечкиот

Домашно песто од рукола
Може да се најдат во речиси секоја продавница, но цените не се секогаш многу прифатливи.
Можете и сами да си направите домашен крем намаз или песто сос од рукола без многу мака, а ако додадете печени ореви ќе добие извонреден вкус. Исто така одличен е за на тост лебче и сендвичи или може да се користи како прелив за салата.
Состојки:
100 гр рукола
80 гр ореви
120 мл маслиново масло
2 чешниња лук
сок од половина лимон
малку свеж босилек
сол, бибер.
( Може да се употребат и други додатоци по сопствен вкус како : варена пченица, семки од бор-пињоли, бадем или други јаткасти плодови.)