КРАТОВСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА

Охридската книжевна школа сигурно на сите ви е добро позната.
Покрај неа во Македонија постоела уште една книжевна школа 👇👇👇

⛪📖 Во рамките на Кратовската книжевна школа, како книжевни центри се среќаваат македонските манастири Свети Прохор Пчински, Свети Јоаким Осоговски и Свети Гаврил Лесновски. Во овие манастири поактивно писмената и книжевната традиција започнува помеѓу XII и XIV век, и значајно е тоа што се негува словенскиот збор и православието во периодот на турското владеење во Македонија;

📓📝 Како македонски дејци, припадници на оваа школа се јавуваат Димитар Кратовски кој е активен во XV век и Јован Кратовски кој својата дејност ја обавувал во XVI век.

✏📚 Кај препишувачите од Кратовската книжевна школа постоела јазична свест за почитување и за употреба на особеностите од Охридската книжевна школа. Тие спонтано внесувале јазични особености од северните и од источните македонски говори;

📖📝 Од оваа школа потекнуваат ракописите како: Вранешничкиот апостол, Лесновски паренезис, Струмичкиот апостол, Хлудовиот триод, Радомирово евангелие, Карпинското евангелие и.т.н;

📚✏ Ракописите од Охридската и од Кратовската школа се совпаѓаат едни со други според повеќе правописни и јазични особености, и ја претставуваат македонската варијанта на црковнословенскиот јазик;

📖📓 Димитар Кратовски е еден од најзначајните македонски книжевници од XV век, поврзан со традициите на Кратовската книжевна школа. Во 1466 година, по придружба на охридскиот архиепископ Доротеј, тој направил словенски препис на номоканонот за потребите на архиепископијата во Охрид. Кон средината на XIX век, овој номоканон се уште сè наоѓал во Охрид, каде што го пронашол рускиот славист Виктор Иванович Григорович. Меѓутоа, Григорович ги зел само последните листови од ракописот, кои сега се наоѓаат во Лениновата библиотека во Москва, во збирката на Григорович под сигнатура Ф 87 No 1707. Овие листови (10) содржат опширен поговор за дијак Димитар, во кој има мошне интересни податоци за Охридската архиепископија и за историјата на Македонија воопшто. Освен поговорот, фрагментот содржи, исто така, список на потчинетите на Цариградската патријаршија архиепископии и митрополии, речник на латински заемки што се употребени во текстот на номонаконот со соодветен словенски превод и препис од две писма што влашкиот кнез Јоан Стефан и охридскиот архиепископ Доротеј ги размениле меѓу себе во 1456 година.

Поговорот на Димитар Кратовски е интересен не само како историски извор, но и како книжевно дело. Големиот авторитет на дијак Димитар како книжевник се потврдува и од фактот што дел од неговиот поговор го користи познатиот книжевник и писател од тоа време Владислав Граматик при пишувањето на поговорот кон својот панегирик од 1469 година. Останатиот дел од номонаконот на Димитар Кратовски досега не е пронајден;

📓✏ Вранешнички апостол претставува одломка од кирилички полн апостол од втората половина на XIII век.
Наречен е според македонското село Вранештица – Кичевско. Содржи фрагмент од Делата на Светите Апостоли. Препишан е од архаична предлошка со траги од глаголичната охридска традиција. Вранешничкиот апостол е еден од ретките претставници на апостолите од првата редакција со целосен текст. Издаден и проучен е од Блаже Конески.

✏📖 Радомирово евангелие – кирилско полно изборно евангелие од втората половина на XIII век. Наречено е според записот на главниот писец Радомир, покрај кој во пишувањето учествувале уште три лица.
Се состои од 182 листа.
Препишано е од постара кирилска предлошка која не била иста за целиот ракопис, некои делови сведочат за контакт со руската писменост.


Македонското потекло на предлошката најјасно е одразено во делот што ги содржи читањата по Педесетницата каде се откриваат траги од започнатиот процес на мешањето на носовките, кои во текстот се употребуваат главно етимолошки и најчесто се деназализираат во согласност со дијалектна подлога од северниот дел на Македонија.
Денес се чува во Хрватската академија на науките (ХАЗУ) во Загреб под сигнатура IIIb24;

📚📖 Карпинското евангелие претставува средномакедонски кирилски ракопис. Потекнува од XIII век. Содржи 168 пергаментни листови. Пишуван е со кирилско писмо во Карпинскиот манастир, село Орах, Кумановско.
Според содржината претставува полн апракос, со евангелиски четива за сите денови во годината распоредени по редоследот на црковната година, почнувајќи од Велигден, а содржи и синаксар, т.е. календарски дел.
Денес се чува во Москва, ГИМ, збирка Хлудов 28 I 101;

Leave a Reply

Your email address will not be published.