Природен мед во Македонија на аукција достигна цена од 55 000 денари

Share with:


Природен мед во Македонија на аукција достигна цена од 55 000 денари

Сместен на една од најубавите панорамски локации во Мариово, на врвот Панделе во близина на село Полчиште, Прилепско - манастирот Св. Пантелејмон во изминатите години прераснува во едно прекрасно место за посетата а за празникот се одржа и наддавање.

Иако до самиот манастир нема автомобилски пат управата изминатите години прави вистински чуда да донесе до местото разно-разни градежни материјали и постојано да го осовременува ова прекрасно место.

И оваа година за патронот на манастирот, Св. Пантелејмон, кој се слави на 09. август, беше весело и разиграно. Традиционално пристигнаа повеќемина иселеници од ова село во странство, но и прилепчани кои влечат корен од Полчиште.

Интересен момент се случил за време на аукцијата, кога разни дарови кои верниците ги оставаат во манастирот се продаваат, со цел да се соберат што повеќе средства и истите да се вложат во некој неопходен зафат.

Имено, две тегли мед кои ги оставил некој неименуван мариовски пчелар биле продадени по неверојатни 55.000 денари, или за околу 2.000 евра. За мештаните и верниците кои на празникот го посетија манастирот ова е чудо, и веруваат дека самиот светец ги натерал наддавачите на аукцијата толку многу да ја кренат цената.

Аукцијата и дел од празничната атмосфера можете да ги погледнете во видеото во продолжение:

Видео

(аукција на 4:30 минута)

Share with:


Share with:


Scroll to Top