Почнува Божиќниот пост

Share with:


Почнува Божиќниот пост

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божикен пост.

Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември.

Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости.

Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград  во 1166 година.са/дма/

Божиќниот пост почнува на 28 ноември а завршува на денот Божиќ – Рождество Христово. Во текот на овој пост, во понеделник, среда и петок се пости строго, во вторник и четврток се пости на масло, а во саботите и неделите се јаде риба, сè до празникот на свети Спиридон, после кој веќе не се јаде риба.

Share with:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Share with:


Scroll to Top