Магичниот свет на тиквите: видови, употреба и рецепти

Share with:


Магичниот свет на тиквите: видови, употреба и рецепти
Овој прекрасен плод пристигнал во Европа од Јужна Америка, но толку се одомаќимнил што денес тиквата ја нарекуваме „македонска банана“. Тиквата е секако една од најатрактивните есенски и зимски намирници – и поради прекрасната портокалова боја и поради нејзиниот вкус. Само што сите не ја користиме  тиквата доволно и не сме запознаени со разновидноста на сортите што постојат денес.   

Ангелика

Ангелика е мала мускатна тиква  по потекло од Франција. Таа служи и за украс и за јадење - има тркалезна форма со тежина од 1-2 кг, ребреста кора со избледена портокалова боја. Месестиот дел е темно портокалов, исклучително сочен и сладок, поради што најмногу се користи во слатките јадења. Добра е за складирање и може да се чува неколку месеци. Идеален е за подготовка и готвење на компот.   

Ибица

Округла,со малку ребрести плодови кои достигнуваат тежина од 2,5-3,5 кг. Месото е суво, со жолто-портокалова боја и со исклучителен квалитет, а се одгледува и за семки кои имаат неспоредливо поголема хранлива вредност од месестиот дел. Тие се значително побогати со витамини и минерали . Бидејки е многу слатка таа е најчесто употребуваната тиква кај нас која најчесто се подготвува со  печење во рерна. На ваков начин на подготовка важно е добро да се исчисти и исуши пред да се стави во тавче намачкано со малку зејтин, а потоа да се пече на 200 степени 45-60 минути. Кога е готова се прелива со мед или цимет по вкус. Може да биде прилог и на солени јадења, па затоа не е невообичаено да се подготви со лук, борови семки-пињоли и семки од тиква.

Готварска,Бутернат,Препашанка

Издолжена мускатна тиква во облик на круша, која расте до околу 2 килограми, има темно портокалова месеста внатрешност со сладок и кремаст вкус. Може да се пече, да се грилува, да се јаде сирова, да се користи во кремасти супи, колачи, слатки пити, мафини , кашички за бебиња, џемови, мармалади... Слободно чувајте ја цела сезона бидејќи има многу долг рок на траење - може да трае до 2 години. Кората на оваа тиква се јаде, а бидејќи е тенка многу лесно се лупи доколку е потребно. Тиква слична по форма на тиквата ButterNut е тамбуриката , само што е поиздолжена и има светло портокалова боја. Одличен е за пасирање и правење кашички , сосови , секако и храна за бебиња.

Печенка,Круна на принц, Бела 

Кората е тенка и сива, а месото е дебело и сочно - темно портокалово, слатко и со добра конзистентност. Може да се користи за украсни цели бидејќи е богато покриена со лисја и има долга дршка. Содржи големи количини на диететски влакна, пектин, па се смета дека има и лековито дејство. Може да се јаде печена, варена, пржена, на скара, во вид на пудинзи, колачи, пити, компоти, кашички и пире, вкусот по малку потсетува и на костен. Ако правите пире од тиква таа е најдобар избор . Според македонските обичаи се пече за Бадник и по правило треба да има по едно парче за секој член на семејството или гостин на трпезата.

Хокаидо

Атрактивна мала тиква која расте до 1-2 кг, има густа светло портокалова или црвена боја на кората. Потекнува од Јапонија и се карактеризира со многу ароматично, слатко, вкусно и здраво месо. Таа е една од најдобрите и најценетите тикви за јадење, која подеднакво се користи и во солени и во слатки јадења, но најпопуларниот рецепт е кремаста супа. Постои и поголема верзија од овој тип -  Големо Хокаидо  - за тие што многу им се допаѓа крем супата  и сакаат да ја прават почесто. Незаменлива е за крем супи и смути.

Кабоча

Името Кабоча доаѓа од име на град во Камбоџа од каде потекнува оваа тиква. Има суво но многу вкусно месо а се јаде и тенката зелена кора. Бојата на кората но и мирисот потсетува на лубеница. Овој тип на тиква се покажа како најдобар бидејќи не постои начин на кој  неможе да се подготви или употреби. Кога ја имате дома изборот на јадења од тиква е буквално неограничен. Таа е вистинскиот избор за пита со тиква, онаква како класичните американски пити.   

Хелоувин,Musque de Provence

Оваа тиква со исклучително необичен изглед е француска, како Ангелика тиквата. Главно се користи во пекарски производи бидејќи одлично оди со теста и е погодна за печење. Популарена е за Ноќта на вештерките поради нејзината форма и боја а се вели дека и оние кои вообичаено не сакаат тикви не можат а да не ја сакаат „Musquee de Provence“.

Турбан тиква

Турбан тиквата е  декоративна и истовремено јадлива. Може да порасне и до 5 килограми, кората е шарена а месото е жолто-портокалово и многу ароматично па затоа е идеална за печење. Многу е популарна за подготовка на крем супи а и нејзината кора може да послужи како декоративен сад за сервирање украсно јадење .    Тиквата е еден од најдобрите природни извори на каротеноидни антиоксиданти, особено на бета каротенот. Тој е исклучително моќен антиоксидант кој всушност го дава и карактеристичното обојување на тиквата. Бета каротенот претставува провитамин А, односно телото има способност да го конвертира во витамин А. Истражувањата покажуваат дека консумирањето на храна богата со каротеноиди, може: ▫ да го намали ризикот од одредени малигни заболувања ▫ да делува протективно од астма и кардиоваскуларни заболувања ▫ да го намали ризикот од макуларна деградација, една од најчестите причини за комплетно слепило кај повозрасните лица Покрај бета-каротен, тиквите содржат и криптоксантин, лутеин, зеаксантин, но и антиоксидативни витамини, како витамин Ц и Е.

Регулирање на крвниот притисок

Јадењето на храна како што се тиквите е одличен избор за добро здравје на срцето. Тоа е така заради одличната концентрацијата, пред сè на растителни влакна, калиум, но и витамин Ц. Покрај тоа, за кардиоваскуларното здравје значајните се и антиоксидативните компоненти, како што претходно веќе споменавме. Една студија од 2017 година со над 2500 испитаници, вели дека доволното внесување на калиум преку исхраната има речиси иста важност како и намалувањето на солта (натриумот) во третирањето на високиот крвен притисок. Растителните влакна низа студии ги поврзуваат со намален вкупен холестерол во крвта. Кога станува збор за микронутритивната вредност, тиквата содржи навистина долга листа нутритиенти: витамин А, Ц, Е, низа витамини од Б групата (фолна киселина, витамин Б6 итн.), но и повеќе минерали: калиум, бакар, манган, железо, магнезиум, фосфор.

Супа од тиква

Ова е класична, лесна супа направена со свежа мускатна тиква која изобилува со здрави состојки и се готви за кратко време.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • една мускатна тиква од околу 1 килограм, излупена, исчистена и исечена на коцки од околу 4cm
  • 1 среден кромид, крупно исецкан
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • многу мало парче ѓумбир (околу 3см), ситно исецкан или изрендан
  • 750ml растителен бујон
  • 250ml вода
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер
  • ½ кафена лажичка куркума
  • свеж магдонос, ситно исецкан (за служење)
 

Начин на подготовка:  

  • Исечете ја тиквата на големи резанки дебели околу 3 см. Секоја резанка излупете ја, извадете ги семките со лажица и исете парчиња од околу 4см.
  • Ставете ги тиквата, кромидот, лукот, ѓумбирот, бујонот, водата и зачините во тенџере – течноста треба да биде малку над нивото на тиквата. Оставете да зоврие, откриено, а потоа намалете ја топлината и оставете ја чорбата брзо да крчка додека не омекне тиквата (проверете со нож или вилушка) – околу 10 минути.
  • Тргнете го тенџерето од оган и користете рачен блендер за да изблендирате додека не добиете кремаста структура. Може да користите и блендер или процесор за храна, но мора да почекате супата добро да се излади за да не го оштетите блендерот.
  • Зачинете по вкус со морска сол и бибер.
  • Супата служете ја додека е топла во мали, длабоки садчиња, а одозгора наросете свеж магдонос.
  • Овој рецепт прави 4 порции.
Нутритивна вредност: (на 1 порција) Калории: 125 Јаглехидрати: 31g од кои растителни влакна: 8.5g и шеќери: 7g;  Протеини: 3.5g; Масти: 0.4g од кои заситени масти: 0.1g; Витамин Б6: 0.4mg; Витамин A: 28 282 IU; Манган: 0.5mg; Калиум: 795mg

Share with:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Share with:


Scroll to Top