Јул 17, 2025
Лушпи од индиски тегавец
Псилиум
Моќта на лушпите од тегавец за чистење на цревата
Лушпите од семето на индискиот тегавец- псилиум се корисни за исфрлање на токсини и микроорганизми од цревата, ги регулира и дијарејата и затворот. Може да го користат и бремените жени и доилките. Бидејќи дава чувство на ситост се користи и при диети. Регулира дијабетес, холестерол и висок притисок.

Plantago ovata или лушпи од семето на индискиот тегавец се познати како псилиум, кој со векови се користи во Индија, поточно во ајуведата која има природно толкување и лекување на разни состојби и заболувања. Оваа лековита билка се користи во цел свет, а всушност и 85% од псилиумот во светот потекнува од Индија. Има неверојатна способност да впива големо количество вода. Всушност таа опна на семето, која е богата со билни влакна има огромна моќ за впивање течности. Оваа билка расте во многу неповолни сушни услови и затоа, за да преживее, семето на индискиот тегавец создало таква заштитна мембрана што ќе му ја чува водата. Сега масовно се користи во фармацијата, бидејќи е научно истражено и докажано е неговото корисно дејство. Одобрено како безбеден додаток на исхраната од ФДА( Федералната администрација за лекови на САД).
Псилиумот регулира разни иритации на цревата поради билните влакна што ги содржи. Неговото дејтво трае 12 до 24 часа.
Едно лажиче псилиум се разредува со 2-3 децилитри вода и се пие веднаш, тоа треба да набабри во органите за варење, а не во чашата. Ако чекате тој ќе се претвори во гел и нема таков ефект. Мора да се пие многу вода за да има вистинско дејство. Се користи и наместо квасец за стасување на тестото за леб. Се користи во ЛЦХФ исхраната за безглутенски леб. Треба да се внимава при користење лекови, Тие треба да се земаат најмалку по 2 часа од користење на псилиумот, за да не се намали нивното дејство, со предвремено ресорбирање и исфрлување од организмот, пред да се растворат. Овие лушпи на индискиот тегавец имаат многу корисни својства, бидејќи со исфрлување на непотребните течности се намалуваат и отоците на одредени делови на телото.
Што всушност се постигнува со користење на псилиумот?
Кога варењето е ослабено поради стрес, погрешни навики во исхраната, работата, одморот, храната не се вари добро и еден дел се таложи на ѕидовите на дебелото црево и скапува, тоа всушност се токсини кои ајурведата ги нарекува ама. Тоа е корен и причина за сите болести. Кога овој отров преминува во крвта, во лимфата и капиларниот систем, почнува да кружи низ целото тело. Кога ќе најде слаба точка таму прави болест( на пример холестеролот што се лепи на крвните садови), Тогаш и западната медицина дијагностицира ангина пекторис, артритис, висок холестерол, астма и хроничен бронхитис, разни ешерихии, кандида. Во повисок стадиум, ама отровот од цревата ја блокира работата на разни органи, уништува ткива и ја блокира работата на системите. Тогаш може да се појави рак, со метастази во разни делови, пукање на чирот во желудникот и тн. Значи кога ќе се појави ама, човекот е веќе болен. Присуството на ама може да се забележи како скрама на јазикот, непријатен здив од устата, на изметот и урината, се појавуваат замор и главоболки, недостаток на енергија и лошо расположение.
Затворот или слабото празнење е една од причините за создавање отров во цревата, а псилиумот, растворен во млеко испиен пред спиење, кога ќе набабри внатре, ги собира и овие остатоци што скапуваат, и ги подмачкува цревата.
При дијареја, псилиумот испиен наутро со кисело млеко или јогурт, делува против воспалително, и со набабрување во себе ги впива патогените бактерии, паразити и разни микроорганизми и тие се исфрлуваат, а цревата се колонизираат со пробиотски бактерии во правилен размер, што овозможува нивна нормална работа,
При гастритис и хеликобактер, кои се создаваат од вишок желудечни киселини и со тек на време создаваат чир на желудникот, може да се спречат со користење псилиум, затоа што слузавата материја го заштитува желудникот. Така се заштитувате и од сериозните оштетувања на слузните мембрани на дванаесетпалечното црево.
Колитисот и кроновата болест бараат посебна исхрана, а со псилиумот како додаток на исхраната, како и други состојки како индиски ким, морско оревче, во мали количества два пати дневно прават чудо во нарушеното работење на дебелото црево,
Бидејќи псилиумот има изобилство од билни влакна, се создава баланс кој е нарушен со современата лоша исхрана, прејадување и дебелина. Дебелината се намалува поради нерастворливите билни влакна кои долго држат систост во организмот, нема потреба од многу јадење, а растворливите влакна ги собираат сите маснотии, и отпадоци, и ги исфрлуваат од организмот. Се пие по една лажичка растворена со чаша вода со малку цеден лимон, половина час пред појадок и пред ручек. Желбата и потребата за храна ќе биде многу помала.
Безболното празнење на цревата доведува и до помалку напрегање и така се спречува пукање, крвавење и побрзо зарастување на крвните садови во хемероидите,
Современите истражувања покажале дека храната богата со билни влакна ја намалува апсорпцијата на мастите и шеќерите, а со самото тоа намален холестерол, намален притисок поради проодност на крвните садови, и намалено растворање на шеќери во крвта.
Сепак мора да се внимава и да не се корсти на слепо и неконтролирано. Не е препорачлив за мрзливи црева, кои се секогаш полни со храна, која не се вари и не се движи. И тие што имаат помалку желудечни киселини не треба да користат псилиум, како и други лаксативи.
Соња Стојановска
More Details