Охридската библиотека „Григор Прличев“ распиша конкурс за избор на најдобра беседа посветена на патронот, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема „Прличев и ние“.
Конкурсот е во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ отворен е од утре до 25 јануари 2023 година.

Можат да се пријават сите млади од општините Охрид и Дебрца од 15 до 30 годишна возраст. Беседата на тема „Прличев и ние“ не смее да биде поголема од 3.000 зборови и треба да е напишана во фонтот „ariel 12“. Беседите не смеат да имаат во себе политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка…, стои во конкурсот од Библиотеката Комисија, како што е наведено, ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.
Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра и авторот треба да ја наведе само возраста. Во интерес на времето конкурсните трудови – беседи, авторите треба да ги достават на следната е – адреса: konkurszanajdobrabeseda@gmail.com, стои во конкурсот.Шифрите на трите наградени беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари, 2023 на веб страницата на Библиотеката, социјалните мрежи, порталите и други радио и ТВ медиуми.

Наградите на најдобрите тројца автори, кои со посeбeн примерок ќе го докажат авторството ќе им бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2023 во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид