Каде се , што прават? Студени нозе – Сури, Лео и Фиц.

Share with:


Каде се , што прават? Студени нозе – Сури, Лео и Фиц.

Студени нозе беа бенд на кој многу од нас за првпат искинаа старки додека скокаа по гужвите и се смееа хистерчно на нивните текстови.

Сури Лео и Фиц сосема заслужно влегоа во историјата на македонската музика и оставија белег во младоста на многу млади дечки и девојки...

На нивните песни за првпат се заљуљаа шкодилаци во темници, парк го заменија со Водно за полноќни мазења, го поставија стандардот за тогашниот ( па и сегашниот) урбан живот во Скопје и во земјава...

Ружни женски, затворски келии, млади згодни интелектуални и замислени...сите станаа дел од ритамот кој сеуште знае да ме размрда онака..Од нигде-никаде! Он у Карпош на базен а она у Шпанија..компанија-месо и боранија!


Опиноци или не фино си се сместија во алеата на мојата приватна дискографска музичка селекција. Станаа незаменлив дел од забавите на кои многумина за првпат „фатиле на јадец – опа –иха“ - дечко или девојче, па и се пофалиле со кученцето ...поголемо или помало од кифла или сајзирано колку Југце едно од прилика... Не навлегувам.


Со оглед на тоа дека нема да се состават повторно во полна форма, некои од нас би рекле дека соодветно дека сами си ја имаат испеано судбината –„ а јас коњ си пазарив – и се преварив!“...Ама сепак...


Врежаа лирики кои засекогаш ќе ги скокоткаат нашите звучни сетила!...


Сури за жал, слушнав и посведочив дека неславно завршил поради користење на опојни дроги, Лео врска немам а Фиц и ден денес знае да пушти по некое музиче во некое локално пабче од типот на Custum Pub!


Сега тогаш некогаш..Бла бла...Небитно. Мене ми се некако севременски!!!


Ах..сатирична елегија на нашата младост!


Еве како за почеток....


Dafnee

Ти си проблем
На тебе налетувам кога не сум бањат
Или со испиени сто џин-тоници
Ради тебе запаѓам во некои чудни стања
Мамурлук, депресии и несоници.

Цел еден век чим те видам моментално болен легнувам
И нема лек ќе те следам а ти стално ќе ме избегнуваш.

Ти си проблем што сакам да го имам
Ти си дрога што сакам да ја примам
Ти си тајна што смртно ме занима
Ти си грев што на душа го зимам.

Џабе шише мастика или гајба пиво
Што ќе ми да добијам на лото седмица
Кога си к'о настинка - те влечам пола живот
А ти од дневен ред ме одбиваш к'о на седница.

Цел еден век чим те видам моментално болен легнувам
И нема лек ќе те следам а ти стално ќе ме избегнуваш.

Ти си проблем што сакам да го имам
Ти си дрога што сакам да ја примам
Ти си тајна што смртно ме занима
Ти си грев што на душа го зимам.


Share with:


Share with:


Scroll to Top