Зачестија напади од ајкули во летувалишта
Зачестија напади од ајкули во летувалишта

Шеесет и осумгодишна Австријка била искасана до смрт од ајкула во Египет. Нападот се случил во саботата во туристичкото место Шарм Ел Шеик, а ајкулата и ги одгризала раката и ногата на жената. Таа едвај доплива до брегот додека преплашените туристи се обидуваа да го одвлечат вниманието на ајкулата со бучава, но безуспешно. И покрај обидите на лекарите, таа починала во возилото на брзата помош. Неколку часа по нападот, пронајдено е телото на туристка од Романија, на возраст од околу 40 години, која исто така била жртва на напад на ајкула.
Страшниот напад на Австријката уште еднаш го покрена прашањето за ајкулите во Јадранот.

Во последните 150 години во Јадранот се забележани 11 смртни случаи на капачи од напади на ајкула. Последниот фатален напад се случи во 1974 година во Локва Рогозница кај Омиш, кога петметарска бела ајкула го нападна 21-годишниот Германец Ролф Шнајдер. Во 2008 година, во близина на заливот Стончица на Вис, ајкула го нападнала словенечкиот нуркач Дамјан Пешек, кој се здоби со тешка повреда на артеријата и скинат мускул на потколеницата. Тој остана инвалид доживотно.

„Последниот регистриран напад во Хрватска беше во 2008 година. Подводен риболовец нуркач бил нападнат од голема бела ајкула. Рибарот со себе влечел риба, па може да се претпостави дека нападот бил поради обид ајкулата да ја украде рибата. Рибарот беше нападнат, но за среќа го преживеа нападот“, изјави експертот Ален Солдо во видео интервју .

Тој посочи дека Јадранот е во категоријата мориња кои се целосно безбедни за капење. Тој изјави дека 34 видови ајкули живеат постојано и повремено престојуваат на Јадранот, па нормално е да се видат на море, кое е нивното природно живеалиште. Но Солдо исто така констатираше дека 99,99 отсто од луѓето на Јадранот никогаш нема да видат ајкула во живо.

„Три видови кои се потенцијално опасни за луѓето доаѓаат кај нас со децении. Тие не живеат постојано во Јадранот, но повремено одат надолу. Тоа се големата бела ајкула, ајкулата со долга муцка и Атлантската ајкула. Кај нас никогаш немало напад на атлантската ајкула затоа што најмногу се движи на отворено море, исто е и со долгумуцкастата ајкула. Големата бела ајкула е единствената евентуална можна опасност со оглед на проѕирноста на морето и фактот дека големата бела ајкула не лови луѓе туку својата храна, а ние не сме нејзина природна храна. Урбаните легенди велат дека ајкулите ги следат бродовите, но тоа е глупост“, вели експертот Ален Солдо.

Leave a Reply

Your email address will not be published.