Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.
Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни спроти Ноќ на вештерките
Задушница (Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни) — деновите во кои според народните верувања душите на покојните предци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење ,капење итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни пролетна и есенска задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.
( А Митровден (мес. Митроен) е голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитрија Солунски, кој се празнува на 8 ноември. Празникот се слави на целиот Балкански Полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.)
За задушница верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на умрените. Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените. Инаку, во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници. Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.
Свештеник од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, вели дека во нашата традиција, три саботи се одделуваат, и тоа саботата пред Духовден, месопусната сабота и саботата пред празникот Митровден, и тие се нарекуваат задушници.
– Самиот збор „за душата“ означува дека тоа се особени периоди/денови во годината кога христијаните својот молитвен труд го посветуваат за упокоените христијани.

Задушница значи „за душата“. И според оваа терминологија, тоа подразбира принесување жртви и молитви. Под принесување жртва се подразбира варена пченица и вино, а во некои краишта се принесува и леб. И на тоа се ограничува принесување на жртвата, зашто во православната црква има само бескрвна жртва. Раздавањето храна е непотребно, не е задолжително и не треба да се практикува.

Хелоувин- Ноќ на вештерките (англиски: Halloween, скратено од All Hallows' Evening — „Вечерта на Сите Свети“) — празник што се слави на 31 октомври. Според многу научници овој празник првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain), додека други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени. Ова е народен празник но посебно врзани со него се некои христијани и пагани, особено Ирските доселеници во Северна Америка кои донеле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги (trick-or-treat), посетување на „проколнатите“ места, палење логорски оган, маскенбал, резбање тикви (jack-o'-lanterns), „вадење јаболка“ (apple bobbing), читање страшни приказни и гледање хорор-филмови.

Како се празнува Хелоувин во Македонија?
Се повеќе прославата на празниците добива комерцијална нишка која ја извитоперува смислата и значењето на одреден празник.
Секаде накитено и фама за странски и туѓ празник. Во супермаркетите полни рафтови со тикви и страшни маски наменети за славење на Halloween... Деца облечени со маски на вештерки, вампири, нашминкани со црвена боја која треба да личи на крв, обоени бели лица што личат на духови.

Многу христијани на овој празник не му припишуваат никакво негативно значење, третирајќи го како забавен настан посветен на "имагинарни призраци/сеништа" и делење колачиња. За овие христијани, Ноќта на вештерките не крие никаква закана по духовниот живот на децата: да се учи за смртта и смртноста, и обичаите на келтските предци претставува вредна лекција и дел наследството на многу членови на нивната парохија. Римокатоличката црква понекогаш ги истакнува христијанските врски на празникот Ноќта на вештерките, а прославата на овој празник е вообичаена во католичките парохиски училишта низ цела Северна Америка и во Ирска. Некои христијани чувствуваат загриженост за модерниот начин на кој се слави Ноќта на вештерките, и го одбиваат затоа што сметаат дека станал тривијален - или прославува - паганство, окултност, или други обичаи и културни феномени кои ги сметаат за некомпатибилни со нивните верувања. Како одговор некои фундаменталисти и конзервативни евангелистички цркви последниве години користат "Куќата на пеколот", тематски памфлети, или комични трактати како оние од Jack T. Chick со цел да ја искористат популарноста на Ноќта на вештерките како шанса за евангелизмот. Некои сметаат дека Ноќта на вештерките е празник целосно некомпатибилен со христијанската вера и веруваат дека потекнува од паганскиот "Празник на мртвите".