Тони Алексовски
Драги Македонци, ве молам прочитајте го текстот за да ви бидат појасни доктрината, стратегијата и концептот на организираната бугарска агитација, пропаганда и борба против Македонија, Македонците и Македонизмот. Ќе сфатите какви зли гадови се бурарите, како и причината, ни под разно да не ги внесеме во Уставот на РМ, и дека мора, со особено внимание да контактираме со нив.
Ќе сфатите дека, ако продолжат да не владејат заслепените марионетски влади, во ЕУ ќе влеземе само како „Југозападна бугарска покраина, по автоматизам, како бугари“, она што јавно го има искажано потпретседателот на бугарското собрание при определување на бугарските црвени линии во однос на Македонија.
БАН во намерата да ги насочи и сконцентира сите бугарски агитатори во борба против Македонците и Македонизмот, е опседната со буквално перење мозок и поттикнување на бугарите на антимакедонска агитација и, како што велат ребугаризирање на Македонистите.
Еден од „детерџентите“ за перење мозок е систематизираното Упатство (Психологија на Македонизмот) за делување против Македонистите. Според Бугарите, Македонизам е секое однесување на оние Македонци кои што не се чувствуваат бугари и кои што се уверени дека Македонија треба да биде посебна држава, а Македонците посебен народ од бугарскиот.
На 29 страни, А5 формат (145х200 цм), е напишано Упатство како секој бугар да агитира, што за последица го има фактот дека бугарските агитатори се организирани и унифицирано делуваат. Самото Упатство во основа го има Упатството кое што го користат на нивните Воени академии за обука на бугарските офицери.

За книгата е нагласено дека е од еден автор и демек публикувана од Бугарски пливачки сојуз, лага како и секој бугарски проект финансиран од фондовите за бугарска пропаганда. Имено, книгата е издадена 2009 г. од тнр. „Македонски научен институт“ во Софија, додека во целиот текст се повторува, ние, според наше мислење и други наоди кои недвојбено укажуваат дека е дело на група автори.
Оваа анализа е скратена, закосените букви се оригинални мисли, ставови и насоки на авторите, особено третиот дел - конкретни насоки за антимакедонско делување и заклучокот. (Кој од вас сака може да му ја пратам оригиналната верзија во ПДФ формат, и/или превод на македонски јазик):
Упатството се содржи од вовед, три поглавја, заклучок и користена литература, демек научно дело.
Во Воведот јасно е наведено дека се работи за научен обид за толкување на Македонизмот, како и за, цитирам: „начините за психолошко противдејство против тој антибугарски психолошки феномен.“
Во првото поглавје е елабориран психолошкиот систем на Македонизмот. Вниманието е насочено на суштината на психологијата на Македонизмот, носителите и основните психолошки концепти на Македонизмот. Се делува на подсвеста на бугарите дека Македонизмот е организиран и целенасочен против Бугарија и Бугарите.
Во второто поглавје го обработуваат развојот на Македонизмот.
Третото поглавје го елаборира психолошкото противделување против Македонизмот. На почетокот се објаснува неопходноста за психолошко противделување против Македонизмот, потоа се елаборира психолошкиот притисок против него и на крај се објаснети некои психолошки техники за контраделување против оваа појава на одродување, како што велат авторите на Упатството.

Првото и второто поглавје се психолошка подготовка на бугарите за ангажман во организираната агитација против Македонците, Македонија, односно Македонизмот, како тие го нарекуваат наголемото зло против Бугарија.
Во поглавјата изнесуваат небулози и глупости. Демек не проучиле, дека сме агресивни дека сме закана за бугарската држава, народ и политика, дека сме српски изум – сето она што го агитираат бугарите на социјалните мрежи.
Објаснуваат дека во Македонија постојат индивидуални и одлично организирани колективни носители за ширење на лаги и фалсификати, против Бугарија.
Користат квалификации дека сме тирани, убици на бугари, дека сме светско зло, а тие се доброто. Ни припишуваат дека Гебелс ни е учителот и дека делуваме според негови насоки. Цитирам: „Учителот на Македонистите, Гебелс, многу добро ги владее методите на агресивната пропаганда. Тој вели: „Твојата татковина се вика Германија. Сакај ја повеќе од се, повеќе на дела отколку на зборови! Непријателите на Германија се твои непријатели. Мрази ги со сето срце! Тој што ја навредува Германија те навредува тебе. Подигни ја тупаницата против него!“. Звучи премногу познато. Македонистите го зборуваат истото.
Нагласуваат измислени „Македонистички достигнувања“ во насока на подбуцнување на испраните татарбугарски мозоци да се организираат против злото што и се заканува на бугарштината. Цитат: „При фалсификувањето на самосвеста кај луѓето, Македонизмот постигна забележителен „успех“ во Вардарска Македонија. Само за неколку децении ја смени самосвеста на стотици илјади луѓе од бугарска во „македонска“. Немаме одговор ниту коментар како и зошто Македонизмот успеа и зошто ние не се спротивставивме.“
„Влевањето омраза е сосема вообичаено секојдневие за Македонизмот. Впрочем тој е изграден врз омраза и во потполност се потпира на неа. Македонизмот секојдневно и постојано користи говор на омраза. И многу повеќе - пере мозоци, подбуцнува деца, тепа старци, пали книги, руши споменици, уништува гробишта и препогребува мртовци, гребе фрески во црквите и копа очи на светци, монтира судски процеси, мајки доилки фрла во затвор, крши спомен-плочи, краде историја, ги исмејува соседите, пишува комични петиции.“
„Претставувајќи се како невини жртви, Македонистите имаат два омилени рефрени кои што постојано ги повторуваат - еден во однос на Бугарија, другиот во однос на Грција.
Невиното население на Вардарска Македонија било жртва на некаква „Бугарска фашистичка окупација“ во период 1941-1944 г. При тоа ниту збор, за тоа што истото тоа население, бугарската војска ја пречкува како ослободител, што е документирано во стотици документи, вклучително и на архивските филмски ленти. Чиста македонистичка лага и несмасна македонистичка пропаганда. Во овој случај треба да забележиме дека бугарската психолошка пропагандата има одлична фраза за истиот временски период, дијаметрално спротивно на македонистичката - „присоединување на новоослободена земја кон мајката Родина“.

Од друга страна сите Грци им се виновни за тнр „прогон на деца бегалци од Егејска Македонија“ за време на граѓанската војна во Грција 1948 г. Македонистите негираат дека околу 20.000 од вкупно 28.000 децата на возраст од 2 до 14 години се со бугарско етничко самосознание, а 8.000 од децата се Грци, и сите организирано се изнесени и раселени во земјите на новосоздадениот во тоа време социјалистички блок.
Претставувајќи се како жртви, Македонистите сакаат да постигнат психолошка цел - да предизвикаат сочувство и поддршка од небалканските нации и земји. Со чиста совест можеме да го кажеме, дека во случајов крадецот на сиот глас вика: „Држете го крадецот!“
Потоа објаснуваат дека сме вештачка творба: „Како што веќе споменавме, непсихолошките артефакти се категорични и недвосмислени - првите срамежливи никулци на Македонизмот никнале пред околу 140 години и се вештачки. Психологијата на Македонизмот не е производ на сопствен и самостоен развој и саморазвој, туку резултат на намерна надворешна интервенција и пропаганда, која што ја неутрализира, заменува, преобразува и фалсификува објективната вистина.“

За да на крај од второто поглавја ја нагласат потребата од жестока и немилосрдна борба против Македонизмот: „Духот“ на македонизмот е неповратно пуштен надвор од шишето и никогаш не може целосно да биде вратен назад. Сосема реална стратешка цел е Македонизмот да биде неутрализиран, сведен на западно балкански локалитет и неговата волја за борба да биде скршена. Ова е во потполност изводливо, но Македонизмот во никој случај нема самиот да се предаде. Со него треба да се води безмилосна борба, со примена на психолошко противдејствие против Македонизмот.
Поради автентичност, односно да ја согледате сериозноста на татарбугарската агитација, третото поглавје и заклучокот, ќе ги оставам во опширна форма.
Поглавје III - Психолошко противдејствие против Македонизмот
Потреба од психолошко противдејствие против Македонизмот
Во потполност сме убедени дека има неопходност од психолошко противдејствие против Македонизмот.
Прв аргумент. Ако не превземеме психолошко противдејствие против Македонизмот, тој ќе продолжи неказнето и дрско да ја шири македонистичката пропагандата надвор од границите на РМ, односно меѓу Бугарите во Пиринска Македонија и енклавите на Бугарите во Албанија и Грција, како и секаде во светот каде што има можност и средства на располагање.
Психологијата на Македонизмот традиционално функционира како агресивна психологија и не гледаме дека во блиската иднина ќе се откаже од планираната стратегија. Денес бугарската национална психологија има само еден нагласен надворешен психолошки противник - психологијата на Македонизмот. Целите и стремежите на Македонистите се во полна спротивставеност со бугарските национални интереси и бугарската колективна и индивидуална психологија.
Втор аргумент. Како последица на нашето психолошко неспротивставување во доволен степен против Македонизмот, тој може да остане со погрешен впечаток дека сме ја изгубиле волјата и желбата за борба, што не е така.
Ни се чини дека волјата за борба на Бугарите против Македонизмот и психологијата на Македонизмот не само што не е скршена, туку уште повеќе се засилува. Битката против Македонизмот може да биде добиена само од обичните луѓе и тоа ќе се случи. Во случав никаквки владини или други институционални иницијативи или формализирани дејствија нема да бидат од особена полза. Тие можат само да ја катализираат, насочат и поддржат борбата на обичните луѓе.
Трет аргумент. Борбата против психологијата на Македонизмот и самиот Македонизам игра и ќе игра многу силна обединувачка улога за Бугарите и нивната национална и индивидуална психологија.
Македонизмот е всушност пријатен противник за денешните Бугари од неколку причини. Прво, иако подмолен, тој е слаб и немоќен непријател - без големи ресурси. Тоа може и треба максимално да се користи. Второ, во борбата против Македонизмот, Бугарите се обединети и нема поделби. Трето, самиот Македонизам во моментот е толку агресивен, дури и налудничав, што мобилизира големи групи и формации од Бугари. Бугарите, во огромно мнозинство, на психолошко ниво го препознаа Македонизмот како непријател, во вистинска смисла на зборот. За таа состојба, непроценлива е помошта од самите Македонисти и нивните собири. Да се сетиме на бројниот македонистички митинг во РМ под назив „Пирин плаче за Македонија“, положување на венци од агресивни Македонисти на гробот на бугарскиот комита Јане Сандански придружени со пароли од типот „Јане, има уште многу Бугари за колење“ и многу други такви безумија и потсмев со бугарската колективна самосвест, нивното национално достоинство и самопочит.
Во денешно време Македонистите отворено ги нервираат Бугарите и постепено и трајно формираа омраза кон самите себе. Причините се многу - од одвратното присвојување на бугарската историја и дрските „помакедончувања“ на бугарските историски личности (Св. Климент Охридски, цар Самуил, Гоце Делчев), преку фалсификувањ-то на бугарските пишани свети споменици („Бугарски народни песни“ на браќата Миладиновци) и на крај со отворените лаги од типот „антифашистичката борба против бугарскиот фашистички окупатор во периодот 1941-1944 г“.
Всушност, Бугарите доживеаја вистински културен и психолошки шок по падот на железната завеса меѓу Бугарија и РМ по 1989 г. Тие сосема наивно, дури и глупаво, мислеа дека жителите на нивниот југозападен сосед сигурно ќе ги пречекаат со раширени раце. Но, реалноста се покажа сосема поинаква - од другата страна на Осогово имаше само омраза, лаги и фалсификувања.
Психолошки притисок врз Македонизмот
Покрај свесноста за неопходност од психолошки противдејствија против Македонизмот нужни се и конкретни психолошки дејствија против овој отворен, злобен и примитивен антибугаризам. Нивната ефикасност и ефективност во голема мера ќе се зголемат со координирани политички, правни и економски методи и форми на борба.
Психолошкиот притисок врз Македонизмот има на располагање индивидуални и колективни варијации на психолошки дејствија. Според наше скромно мнение ви ги претставуваме најважните елементи за психолошки притисок, кои што може да бидат користени против психологијата на Македонизмот и Македонизмот како политичка филозофија.
- Стратешки и долгорочно гледано, прв елемент во психолошкиот притисок е тотална психолошка борба против суштината на Македонизмот - македонстичката свест и самосвест. Македонизмот треба да биде напаѓан во својата најслаба и најранлива точка - македонистичката свест и самосвест. Доколку тие бидат неутрализирани и/или преобразувани Македонизмот ќе се урне како кула од карти. Колапсот на македонистичката свест и самосвест со сигурност, со себе, по принципот на домино ефект ќе повлече и многу други македонистички психолошки констелации.
- Против Македонизмот и неговата психологија треба да се води психолошка војна во сите можни правци и во сите можни сфери. Тука не треба да има никакви скрупули. Лажовите, фалсификаторите и бугаромрсците не треба да имаат никаков мир и постојано да им гори под петите. Тие едноставно не знаат што ги чека кога Бугарите ќе се разјарат и ќе се сплотат против Македонизмот. Во однос на нашето тотално спротивставување, конфликтот со Грците во врска со името ќе им се стори детска игра. Петиции, протести, ноти, агресивна медиумска психолошка поддршка и агресивност, координирани и заеднички психолошки дејствија на луѓето од политиката, бизнисот, уметноста, културата, науката и спортот…
Омразата е изум на Македонистите, а не на Бугарите. Тие ги мразат сите Бугари, ние ги мразиме само Македонистите. - Многу е важно психолошката борба против Македонизмот да се префрли на неговата територија, сфатена во буквална смисла. Една од најголемите психолошки грешки во битката против Македонизмот е што битката се водеше воглавно на територијата на Пиринска Македонија. На тој начин на Македонизмот му се препушташе стратешка психолошка иницијатива и тој спокојно хараше во нашиот двор. Македонизмот треба постојано да биде под притисок, напаѓан и осудуван и тоа таму каде што се чувствува најсигурен - во сопствената тврдина. Бугарите имаат доволно ресурси да го сторат тоа. Покрај тоа, битката мора да се пренесе и да се прошири низ целиот свет - секаде каде што има македонистички формации и структури. Битката против Македонизмот не е битка само против него, всушност тоа е битка за Бугарија и дел од глобалната војна на доброто против злото и демократијата против тиранијата.
- Треба да се создадат психолошки услови и оформи психолошка состојба да не ти е пријатно и психички да те мачи да си Македонист, а да бидеш Антимакедонист да ти носи придобивка и внатрешна психолошка самодоверба, па дури и радост.
Психолошки техники за противдејство против Македонизмот
Борбата против Македонизмот ќе одземе многу време и труд. Меѓутоа, денес ситуацијата е сосема поинаква од онаа од пред 10-15 години. Постојат бројни околности, психолошки поволни за противдејство против него. Прво, Македонизмот повеќе не ја користи силната психолошка и агресивна политичка поддршка на заминатата во небитието југословенска држава. Второ, психолошки Бугарите се мобилизираа како никогаш до сега во борбата против Македонизмот. Тие повеќе не се само ментално против него, туку преземаат реални и усогласени дејствија. Нема сомнеж дека спротивставувањето ќе се засилува. Трето, самиот Македонизам доживува силни психолошки потешкотии затоа што се трансформира, што го прави поранлив.
Македонизмот не може да биде срушен и отстранет за една ноќ, тој е жилав противник. Од таа причина Македонизмот треба да биде напаѓан постепено, систематски, континуирано, одлучно и целенасочено без прескокнување на определени етапи. Според нас постојат две етапи: 1) неутрализирање; 2) преобразување.
Неутрализирањето на Македонизмот и неговата психологија е доволно напреднато. Во пракса тој е целосно неутрализиран на територијата на Пирин. Енклавите што се уште опстојуваат таму, постојат главно благодарение на помошта што им се пружа однадвор, од РМ, и немаат никакво практично и психолошко влијание. Меѓутоа, тоа не е случај со другите територијално-политички формации на кои што тој се потпира. Затоа, напорите треба да се удвојат.
Трансформацијата на Македонизмот која е сè уште на почеток, а не негово неутрализирање е основната стратешка цел. Ќе биде многу тешко да се постигне, и веројатно непотполно. Сепак, целта е потполно остварлива. Трансформацијата на Македонизмот може да доведе до две главни состојби. Прва состојба - отстранување на антибугарската суштина на Македонизмот, но без ребугаризацијата како психолошка самоидентификација на Македонистите. Втора состојба - отстранување на антибугарската суштина на Македонизмот, но со ребугаризација како психолошка самоидентификација на Македонистите.
Да опишеме, од содржински аспект, некои психолошки техники кои можат да бидат користени во противдејствието против Македонизмот и неговата психологија.
Македонизмот во основа е ирационална психологија. Тој исклучително успешно создаде, подржа и изврши пропаганда за ирационалниот мит за поделена Македонија окупирана од лошите соседи. Македонистичкиот мит е со територијални контури Вардар, Пирин и Егеј. Против митови и психологијата можеш да се бориш само со митови и психологија. Една од причините што бугарската национална психологија нема успех против психологијата на Македонизмот е што е премногу рационална - се служи главно со факти, докази и историја. Психологијата не сака рационални аргументи, туку ирационализам и митологија.
Бугарската национална психологија треба на психологијата на Македонизмот да и противопостави нов национален мит прилагоден на променетите услови. Во таа смисла, применлив е митот за Бугарската егзархија или Санстефанска Бугарија. Според нас, новиот мит треба да биде со други територијални граници - Црно Море, Охрид, Дунав и Егеј. Овој нов мит е многу повозбудлив и пофасцинантен од македонистичкиот, реален, изводлив, неконфронтирачки и умерен, и најважно - новиот бугарски мит е духовен (сака само духовно обединување на Бугарите), додека македонистичкиот е иредентистички и реваншистички и сака насилно прекројување на границите. Овој нов себугарски мит е потполно модерен и во согласност со новите околности бидејќи е поставен на коренито различна основа - тврди дека основниот обединувачки елемент не е ниту јазикот, ниту територијата, дури ниту историјата, туку колективниот дух на луѓето и силното чувство за духовна заедница. Меѓутоа, новиот мит мора да биде преведен и на разбирлив јазик за обичниот Македонист.
Агресивната техника е клучен елемент во психолошката борба против Мкедонизмот. Заврши времето на пасивно чекање. Бугарите конечно се разбудија од сонот и поведоа битка против таа отворена антибугарска појава. Сепак, тие тоа треба да го прават поагресивно и понападно.
Македонизмот е сосема смешен (на моменти комичен) во буквална смисла на зборот. Неговото исмевање е многу силна психолошка техника и треба почесто да се користи.
Бугарската пропаганда ја преспа минатогодишната посета на РМ од принцот на Хунзите Мир Газанфар Али Кан и неговата сопруга Рани Атика, кои што пристигнаа во Скопје, пречекани со државни почести од луѓе облечени како војници на Александар Велики. И Хунзите (кои живеат на територијата на денешен Пакистан) и современите Македонисти се сметаат за директни наследници на античкиот војсководец, и затоа си организираа „родова“ средба по 23 века. По неговото пристигнување, Али Кан дури изјави: „Горд сум што сум во земјата на моите предци“. Македонистичките медиуми за масовно информирање постојано информираа дека обичаите на Хунзите, нивната облека и архитектура многу потсетуваат на „македонските“ и во суштина се работи за ист народ, кој што бил разделен цели дваесет и три века. Апсолутна смешна лага која што ја оставивме без коментар.
Македонизмот е многу сличен на циркузантот. Тој има многу желби, но малку можности. Неговата основна слабост е што не располага со доволно финансиски, човечки и интелектуални ресурси, а бара неизмерно многу. Македонизмот не го пуштаат во селото, а тој запнал да ја жени ќерката на попот… Тука нападот мора да биде по оската „возможно-невозможно“ и „посакувано-дејствително“.
Заклучок
Борбата против Македонизмот и психологијата на Македонизмот е себугарско дело. Не треба да биде политички обоена или водена само од одредени групи или заедници на бугарската нација. Само тогаш борбата ќе биде ефективна и доведена до успешен крај.
Бугарите веќе многу децении водат жестока битка против Македонизмот, но без особено видлив успех. Тоа првенствено се должеше на надворешни објективни пречки кои не дозволуваа оваа епска борба да се развие и насочи кон саканата цел. Во денешно време, како никогаш до сега, се појавија низа поволни субјективни и објективни околности во спротивставување на ова олицетворение на злото, лагата и тиранијата. Тие во никаков случај не треба да бидат пропуштени. Пораснатото, проодено и осилено чудовиште од другата страна на нашата југозападна граница, може да биде смртно рането.
Суштински елемент во битката на Бугарите против Македонизмот е досега многу потеценуваната психолошка компонента. Целта на оваа мала книга беше токму тоа да го покаже и докаже. Ќе бидеме целосно задоволни ако поголемиот број од читателите ќе го разберат тоа, усвојат и применуваат.
Најсуштествено е дека против Македонизмот и психологијата на Македонизмот треба да се води непрекината, упорна, напаѓачка и бескомпримисна борба на сите можни правци, со сите достапни и можни средства. Во таа смисла улогата на психологијата е незаменлива. Камбаната бие за Македонизмот. Дали ја слушате како ечи?