Погледнете како изгледа денес и што прави!
Иван Кујунџиќ имал само 15 години кога ја добил улогата на познатиот партизански херој.
Денеска има 52 години, живее во Загреб и работи како водител на хрватското радио
Се сеќавате ли на Бошко Буха, момчето што „не знаеше да држи говори, но знаеше да фрла бомби“?
Во филмот на Бранко Бауер, со кој генерации леea солзи гледајќи ја смртта на Сирогојно (Драган Бјелогрлиќ), Чикало ( Небојша Бакочевиќ), Пушкар (Марко Николиќ)… Бошко Буха во 1978 година го игра Иван Кујунџиќ.

Иван имал само 15 години кога ја добил улогата на познатиот партизански херој. Еве како тој се сеќава денес за снимањето.
- Се сеќавам дека беше многу студено, снимавме на минус 26 во околината на Жабљак, бевме оскудно облечени, само со тенки чизми до глужд и волнени чорапи на нозете. Но организацијата беше фантастична. Штом Бауер ќе речеше „стоп“, дотрчуваа кај нас луѓе со бунди и топла супа. Обично снимавме до три или четири попладне, а потоа учевме! Бидејќи три месеци бевме без настава, ни испратија учебници и задачи за да го надополниме пропуштениот материјал.

Иван денес има 59 години. Живее во Загреб и работи како водител на хрватското радио.
Одамна не се занимава со глума. По „Бошко Буха“ одбил понуда од Емир Кустурица, и вели дека не жали за одлуката да не се занимава со глума.

- Кога имаш 15 години и не знаеш што би направил во животот, тешко е да ја донесеш вистинската одлука. После филмот „Бошко Буха“ имаше понуди, поточно од Кустурица, но не ја прифатив бидејќи бев доста млад. Да сакав да се занимавам со глума по секоја цена, ќе го направев тоа. Моите колеги од филмот, Драган Бјелогрлиќ, Ненад Ненадовиќ, Небојша Бакочевиќ… станаа познати актери, но навистина не жалам што не станав глумец. Завршив педагошки факултет со литература и се занимавам со креативна работа. Читам вести на Хрватското радио и синхронизирам документарни филмови на ХРТ.

Иван вели дека повеќето луѓе не ни знаат дека го играл Бошко Буха и забележува дека дури и неговите деца дознале пред десет години!

- Имам три деца и открија дека го играв Буха дури кога филмот почна повторно да се прикажува во Хрватска, бидејќи пред тоа немаше достапни копии.
Гледајте и запомнете - Оливер Драгојевиќ - Тема од филмот „Бошко Буха“