Владиката Тимотеј тврди дека спомнувањето на поглаварот како Архиепископ на Северна Македонија е грешка
Владиката Тимотеј тврди дека спомнувањето на поглаварот како Архиепископ на Северна Македонија е грешка

МПЦ ОА не стравува за своето име велат од Синодот за Сител. Разговори околу името не се водат напротив велат тоа е решено со документот на СПЦ за признавање на македонската црква под нејзиното целосно име.

Портпаролот на Синодот, г. Тимотеј во изјава за Сител вели дека тоа што српскиот Патријарх Порфириј, на литургијата вчера го спомнал Архиепископот Стефан, како Архиепископ на Северна Македонија, најверојатно е грешка.

-Не сум слушнал и не можам да коменторам. Треба да го спомениува како Архиепископ Македонски. Мислам ќе се усогласиме. Тоа е некоја грешка најверојатно. Тие во Томосот не признаа МПЦ-ОА, нема што да разговараме, вели Владиката Тимотеј за Сител.

Leave a Reply

Your email address will not be published.