Прехранбени продукти кои секојдневно ги користиме а содржат штетни материи
Многу студии редовно покажуваат дека зависноста од шеќер е потешка од зависноста од кокаин. Но високиот шеќер не е единствениот проблем со слатките што ги јадеме секој ден. Има и други многу, многу полоши состојки што се во нив. Ако сте тежок зависник од бонбони и слатки а не сакате вистината за тоа како се направени да ви го расипе задоволството - не читајте понатаму.
Ако сте од оние кои сакаат да ја дознаат вистината, колку и да може таа да биде гадна … прочитајте кои 10 состојки се наоѓаат во повеќето ваши омилени слатки:
HFCS -(high fructose corn syrup)-сируп од пченка со висока фруктоза.
HFCS е познат и како сладок крек и е речиси неизбежна состојка во секоја бонбона. Денес се користи наместо шеќерна репка и шеќерна трска (сахароза), бидејќи е поевтин за производство. Содржи приближно ист број калории како шеќерот, но човечкото тело не го обработува доволно добро, што доведува до дебелеење.
Главен виновник е за дебелина, срцеви заболувања, дијабетес и проблеми со црниот дроб. Плус тој е направен од генетски модифицирана (ГМО) пченка.

Вештачки бои
Боите за храна ги поврзуваат со неколку видови тумори, алергиски реакции и астма. Многу од овие бои се веќе забранети во земјите ширум светот но за жал тие и денес се присутни во повеќето слатки.

Заситени масти
Во повеќето чоколади се многу честа состојка и директно влијааат на затнување на артериите. Заситените масти ја нарушуваат рамнотежата во организмот и се една од главните причини за лошо здравје.
Најчест извор на овие масти се животинските производи, но исто така и некои растителни продукти имаат состав на масни киселини кој е доминантно заситен. Такви примери се палминото масло, кокосовото масло, самиот кокос итн.
Внесот на ваквите маснотии треба да го сведеме на минимум (особено кај луѓето кои веќе имале проблеми со кардиоваскуларна болест), бидејќи многу студии ги поврзуваат со најразлични заболувања.
Не постои безбедна количина на заситени масти во исхраната и треба да бегате од нив како од чума.

Натриум
За да се потисне одвратната слаткост на HFCS во бонбоните се додаваат големи дози сол . Големите количини на преработена сол често доведува до висок крвен притисок и мозочен удар. Постои огромна разлика помеѓу овој вид сол и здравата сол, како што е солта што се користи како зачин.
Состојките од кои може да ви се слоши допрва следуваат!
Многу од следните состојки се наведени како „природни вкусови и бои“. Проценете сами.

Карнауба восок
Восокот Carnauba е честа состојка во восокот за полирање автомобили, лак за чевли, козметика, полирање подови и восок за полирање скии и даски за сурфање. Исто така е многу честа состојка во бонбоните.

Шелак
Шелак е смола што ја лачи бубачката Kerria lacca. Преработена се продава како суви снегулки, кои потоа се раствораат во алкохол за да се создаде течност која се користи за лакирање на дрво и бонбони.

Инсекти во прав
Карминот (карминска киселина) се користи во производството на вештачко цвеќе, боја, мастило, рози, козметика и рутински се додава во прехранбени производи како јогурт и одредени брендови на сокови, слатки… најмногу на оние со рубин-црвена боја.
Карминот се подготвува со варење на сушени инсекти во амонијак или натриум карбонат и нивно третирање низ низа други процеси - додека не се добие карминска киселина.

Катран
Катранската смола е кафеава или црна течност со многу висок вискозитет. Тој е наведен како број 199 на листата на „опасни материи“ на Обединетите нации, но тоа не ја спречува индустријата да го користи во храната. Обично се наоѓа како боја во црвените бонбони, сокови и други слатки. За наша среќа, во Европа е забранет.

Дали сте за малку дабарско?
Да. Дабар. Од машките и женските дабари се извлекуваат мирисни жлезди кои потоа се обработуваат и се додаваат главно во бонбоните кои имаат арома на јагода, ванила и малина.

Желатин
Желатинот се добива од колаген, протеин кој дава сила и поддршка на ткивата и органите и е главната компонента на сврзното ткиво кај сите животни. Се додава во повеќето слатки, а најчесто во гумени бонбони. На вегетаријанците им се препорачува да обрнат внимание на оваа состојка, бидејќи некои (ретки) производители користат и растителен желатин. Се препорачува внимателност кај сите припадници на религиите кои строго забрануваат конзумирање на какви било состојки од свинско потекло - бидејќи желатинот обично се добива од свинска кожа.