Бројаница – „ментален релаксатор“

Share with:


Бројаница – „ментален релаксатор“

Научното истражување направено во Америка докажало дека малите зрна (бројаниците) кога се наоѓаат во човечката рака ја намалуваат нервозата, стресот, и го нормализизираат крвниот притисок.

Бројаницата која денес е неопходен прибор на мажите за првпат е изработена во 800 година п.н.е. Луѓето денеска не ги испуштаат од раце за да ја заборават тагата, безнадежноста, а истовремено да го потрошат и слободното време.

Според една компилација од различни извори, бројаницата се користи речиси 2.800 години. Во историските евиденции стои дека бројаницата првпат се користела како средство за богослужба во 800 година п.н.е, од страна на хинду Брахман свештениците. Во минатото, бројаниците се правеле од одредени делови на животни, кои се ределе на јаже. Бројот на бројаниците се разликува од религијата. Најчесто се состои од 33 или 99 зрна.

НЕ Е САМО СРЕДСТВО ЗА ОБОЖУВАЊЕ

Бројаницата не е само средство за обожување, исто така се користи и како средство за рекреација и забава. За време на отоманскиот период изработката на бројаници станува уметност. Таа започнува во 17 век, а според некои извори, својот врв го достигнува во 19 век. Во минатото, прекрасните бројаници кои се изработувале во Истанбул се испраќање во Мека и Медина за времето на аџилакот. Истите извори велат дека уметноста за изработка на бројаници исто така била развиена и во Самарканд (Узбекистан) и Иран.

Треба да се спомене дека на крајот на 19 век во Капали Чаршијата во Истанбул имало повеќе од 300 тезги (дуќани) кои продавале бројаници.

БРОЈАНИЦАТА И МАКЕДОНЦИТЕ

Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат иа сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што не потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хритос, Кој, и самиот како Јагне Господово пострада заради нас и не избави од вечната смрт.

Бројаниците се прават со рaзличен број на јазли. Така, најмалата е составена од 33 јазли, додека поголемите: од 50, 100 или 300 јазли. Според едно старо предане, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.

КАКО ДА СЕ МОЛИМЕ СО ПОМОШ НА БРОЈАНИИЦА

Освен молитвите што се наоѓат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, Црквата Христова благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат.
Како треба да ја започнеме нашата молитва? Собирајќи ги тие мисли од лутање, со левата рака ја држиме бројаницата а со палецот и показалецот ја одбројуваме секоја кажана молитва со по еден јазол.

Највообичаена молитва, која се кажува "на бројаница" е таканаречената ИСУСОВА МОЛТВА која гласи: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРEШНИОТ! или во скратена форма: ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ МЕ!

ИСУСОВАТА МОЛИТТВА е најважна молитва за секој христијанин. Таа, според црковните правила може да ги замени сите други молитви кажани дома.

Освен ИСУСОВАТА МОЛТВА, христијаните редовно се молат и на Пресветата Богородица светителите на следниот начин: ПРЕСВЕТА БОГОГОДИЦЕ, СПАСИ МЕ ГРЕШНИОТ СВЕТИ (името на светителот), МОЛИ ГО БОГА ЗА МЕНЕ ГРЕШИОТ.

Со помош на бројницата можеме да се молиме и на нашите ближни или својот народ, и тоа на единствен начин: На првиот јазол од бројаницата ги кажуваме следните зборови: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ ГО (чедото, народот) СВОЈ (името или повеќе имиња од списокот) а на другите останати јазли не го спомнуваме името или имињата за кои се молиме туку само велиме: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ ГИ СПОМНАТИТЕ ТВОИ ЧЕДА.

Исто така можеме да се молиме и за нашите упокоени роднини и пријатели:
ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСЕ, УПОКОЈ ГИ ДУШИТЕ НА УПОКОЕНИТЕ ТВОИ ЧЕДА (имињата). А понатаму ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, УПОКОЈ ГИ ДУШИТЕ НА СПОМНАТИТЕ ТВОИ ЧЕДА.

Кога сме сами добро би било да избереме тивко место каде што можеме во тишина да се молиме.

Меѓутоа, молитвата "на бројаница" може да се кажува и на секое место и во секоја прилика: во автобус, воз, парк, чекална па дури и во разговор, доколку активно не се учествува во истиот. Повеќето христијани пред спиење ја осенуваат својата постела со крсниот знак и легнуваат заедно со бројаницата, молејќи се тивко се додека не заспијат.

Не е убаво да привлекуваме внимание со бројницата, а посебно не да се игра со прстите. Таа служи исклучиво за молитва, а не за играње или украс.
Кон неа треба да имаме должно почитување. Монасите и монахињите, кои ги плетат бројаниците, се молат за време на работењето, и тие се плод на молитвата.

Во последно време се прават и бројаници од Охридски бисери кои се изработени од потполно природен материјал и делуваат релаксирачки врз човековиот организам.

БРОЈАНИЦАТА И ТУРЦИТЕ

Според производителите на бројаници, Турците не се откажуваат од старите навики, па така во последно време интересот за бројаницата е многу зголемен, а особено кај женската популација. Статистиката вели дека 70-75 остсто од Турците користат бројаници, таа е буквално интегрирана меѓу турскиот народ. Во Турција генерално секој маж има бројаница. Таа во Турција се нарекува и „мастика за раце“.

Бројаниците најчесто се изработуваат од коска, камен, абанос, змиско дрво, розово дрво, слонова коска, рог од носорог, коска од камила, бисер, килибар, тиркиз (син камен), злато, сребро, различни дрва и камења, па дури и од дијаманти. Според изработувачите, најголем интерес има за бројаниците изработени од скапоцени материјали и скапоцени камења.

КАРНЕОЛОТ НОСИ СПОКОЈСТВО И МИР, КИЛИБАРОТ ОВОЗМОЖУВА ПОЛЕСНО ДИШЕЊЕ

Постои верување дека бројаницата изработена од карнеол дава спокојство и мир, релаксира и лекува од вознемиреност. Килибар каменот пак штити од уроци, добра е за несоница, исто така ја собира енергијата од телото и овозможува полесно дишење.

Бројаницата кај некои луѓе е навика која преминува до степен на зависност, кај некои пак како аксесоар е дел од облека. Исто така може да биде спомен сувенир од татко или некој близок пријател. Кај некои секти, бројаницата се смета за скалило преку кое може да се стигне до Господ.

бисерна

Share with:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Share with:


Scroll to Top